Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на работните активности за имплементација на пролетната акција која се спроведува во соработка со сите претпријатија на Град Скопје, во изминатава недела од 11.04 – 15.04.2022 год., во општина Гази Баба ги спроведе следните активности:
11.04 – На бул. Александар Македонски е направена контрола на 50 шахти, рачно се исчистени 15 шахти, 90 сливници, перење на канализациона линија со цистерна вакум 200 м., прочистување со цистерна притисок 180 м и рачно чистење на 4 улични решетки.
12.04 – На бул.Александар Македонски и ул.Благоја Стефковски извршена е контрола на 85 шахти, рачно се исчистени 35 шахти, 110 сливници, перење на канализациона линија со цистерна вакум 150 м и прочистување со цистерна притисок 330 м.
13.04 – На бул. Киро Глигоров и ул.Благоја Стефковски извршена е контрола на 55 шахти, рачно се исчистени 33 шахти, 81 сливници, 4 улични решетки, перење на канализациона линија со цистерна вакум 110 м и прочистување со цистерна притисок 400 м.
14.04 – На бул. Киро Глигоров и ул. Методија Андонов Ченто извршена е контрола на 70 шахти, рачно се исчистени 25 шахти, 88 сливници, перење на канализациона линија со цистерна вакум 150 м и прочистување со цистерна притисок 450 м.
15.04 – На бул.16та Македонска бригада, ул.Коце Металец и ул.Алија Авдовиќ извршена е контрола на 75 шахти, рачно се исчистени 30 шахти, 70 сливници, перење на канализациона линија со цистерна вакум 70м и прочистување со цистерна притисок 280 м.