четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

34-ти Велигденски средби во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче

34-ти Велигденски средби во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче

Под покровителство на Општина Аеродром во недела, 24.4.2022 година, во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе се одржат традиционалните 34.Велигденски средби.

Манифестацијата во чест на најголемиот христијански празник ќе почне во 10:30 часот, веднаш по завршувањето на велигденската литургија во црквата што ја организира Црковниот одбор на православниот храм.

На Велигденските средби со богата културно-уметничка програма ќе настапат голем број естрадни ѕвезди, а според досегашното искуство, се очекува присуство и на голем број граѓани. Оваа година на Велигденските средби настапуваат групата „Фортуна“, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Даниела Темелковска, Влатко Лозановски, Орде Неделковски, Благица Павловска, Сузана Спасовска, ВИС „Аманет“, КУД „Никола Јонков Вапцаров“ и други реномирани уметници од македонската естрада.