четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев: Старата и оштетена калдрма на улицата „Александар Несторов“ се заменува со бетонска подлога

Колев: Старата и оштетена калдрма на улицата „Александар Несторов“ се заменува со бетонска подлога

Велес се гради! Со подобрување на временските услови се интензивираа градежните зафати во градот. Денес направив увид во градежните активности на улица „Александар Несторов“ на која старата и оштетена калдрма ќе биде заменета со бетонска подлога, истакна градоначалникот на Велес, Марко Колев.

„Дополнително извршив увид и на реконструкцијата на коловозот на патниот премин кон Дворови, кој е втор патен премин кој се модернизира за краток временски период.

Долгогодишните проблеми на велешани ги решаваме посветено и домаќински. Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност“ – истакна Колев.