четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шпанската влада негираше дека ги шпионирала каталонските лидери

Шпанската влада негираше дека ги шпионирала каталонските лидери

Шпанската влада денеска негираше дека незаконски ги шпионирала лидерите на борбата за каталонска независност со помош на софтверот „Пегасус“, откако група за човекови права откри дека цел биле десетици телефони на сепаратистите, но не соопшти ништо за тоа дали биле преземен некаков електронски надзор што бил одобрен од судот.

Канадската „Citizen Lab“ вчера соопшти дека по 2017 година и неуспешниот обид Каталонија да се стекне со независност, над 60 лица поврзани со сепаратистичкото движење и шпанскиот автономен регион, вклучително и сегашни и поранешни регионални лидери, биле цел на шпионски софтвер „Пегасус“ , на израелската група NSO, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролката на шпанскиот кабинет, Изабел Родригез, изјави дека владата во Мадрид нема што да крие и дека целосно ќе соработува во секоја истрага во врска со овие наводи.

-Шпанија е демократска држава со целосно владеење на правото и секое нивно ограничување бара забрана или судски налог, рече Родригез.

Групата „Citizen Lab“ истакна дека не може никому директно да му ги припише овие шпионски операции, но дека индиректните докази укажуваат на шпанските власти. (МИА)