четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија ќе го организира женскиот кадетски Мундијал во јули годинава

Македонија ќе го организира женскиот кадетски Мундијал во јули годинава

Нашата земја и Ракометната федерација на Македонија се одличен партнер на Европската и Светската ракометна федерација. Така уште еден голем настан оваа година ќе се одржи во нашата земја. Покрај сениорскиот шампионат на Европа, предвиден за ноември, Македонија ќе биде земја домаќин на Светското првенство во женска кадетска конкуренција.

Ова првенство првично беше планирано да се одржи в Грузија во јули годинава, но дојде до промена на земјата организатор. Женската кадетска репрезентација ќе ја има улогата на домаќин на Светското првенство и нема потреба да игра квалификации.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов вети дека Македонија пак ќе се претстави во одлично светло како организатор на оваа голема ракометна приредба.