петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Атмосферата во Нивици непосредно пред потпишувањето на капитулантскиот Договор (ВИДЕО)

Атмосферата во Нивици непосредно пред потпишувањето на капитулантскиот Договор (ВИДЕО)

Во секој момент треба да започне церемонијата на потпишување на Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на деценискиот спор што го има соседната земја со нашата.

Под силни безбедносни мерки е селото Нивици, каде министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот Метју Нимиц, денеска треба да го потпишат договорот постигнат меѓу двете земји во врска со името.

На потпишувањето во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро, ќе присустуваат премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои на 12 јуни во телефонски разговор го потврдија договореното во преговорите, што беа обновени кон крајот на минатата година.Засега има само неколку демонстранти на влезот на Преспа, пренесува ТВ21.

Најнови вести