четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Илинден потпиша Декларација за поддршка на Националната платформа на женско претприемништво

Општина Илинден потпиша Декларација за поддршка на Националната платформа на женско претприемништво

Денеска во Општина Илинден беше потпишана Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, која како една од целите ќе го поттикнува креирањето на политиките за значењето на женското претприемништво на национално и локално ниво.

Декларацијата ја потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и претставнички од Националната платформа за женско претприемништво. На средбата градоначалникот Георгиевски истакна дека жените секогаш се двигатели на промените во општеството, затоа Општина  Илинден во наредниот период активно ќе се вклучи кон реализација и имплементација на активностите кои се во интерес на подобрување на положбата на жените во претприемачкиот сектор, кои беа договорени на денешната средба.

Општина Илинден продолжува да обезбедува системска поддршка за развој на женското претприемништво и креирање на инфраструктура за негова поддршка и развој во локалната заедница.