четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата одбележува 100 дена од мандатот, еве како ќе “прослави“

Владата одбележува 100 дена од мандатот, еве како ќе “прослави“

Во пресрет на одбележувањето на 100 дена од мандатот на новата Влада, на 26 април ќе се одржи тематска владина седница, најави владината прес-служба.

Дополнително, на 29 април, Владата организира Форум по повод одбележувањето 100 дена од мандатот  на кој се поканети претставници од медиумите, дипломатскиот кор, стопанските комори и граѓанските организации и здруженија. Настанот ќе се одржи во Национална опера и балет.

-На Форумот заеднички ќе дискутираме за постигнувањата на Владата и министерствата во изминатите 100 дена по принцип на прашања и одговори, информираат од Владата.

Најнови вести