четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Фатени потпалувачи на кабли во Злокуќани

Фатени потпалувачи на кабли во Злокуќани

Екипи на градските комунални инспектори при вршење редовна контрола пред објектот на поранешна Агромеханика во населбата Злокуќани затекнаа лица што спалуваа кабли.

Веднаш се повикани полициски службеници со кои земени се податоци и против истите ќе биде покрената соодветна прекршочна пријава. Запаленото сметиште беше веднаш изгасено.

Градските инспектори продолжуваат со засилените контроли на терен и сите затекнати сторители што ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани.