четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Скопје домаќин на Светското ракометно првенство за јуниорки

Скопје домаќин на Светското ракометно првенство за јуниорки

Светското јуниорско првенство во женска конкуренција ќе се одржи ова лето во Скопје, одлучи денеска Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

Завршниот турнир до 18 години во женска конкуренција требаше да го организира Грузија, но поради безбедносната состојба поврзана со војната во Украина, ИХФ донесе одлука да го премести Светското првенство во Македонија.

-Голема благодарност упатуваме до ИХФ за укажаната доверба, соопштија од попладнево Ракометната федерација на Македонија.

Планирано е Светското првенство да се одржи од 30 јули до 10 август во СЦ „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“.  (МИА)