четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: На денот кога Јуда тргуваше, СДСМ славеше

ВМРО-ДПМНЕ: На денот кога Јуда тргуваше, СДСМ славеше

На денот кога Јуда тргуваше, СДСМ славеше. СДСМ е партијата која 31 година е против својот народ и против својата држава, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-И секогаш била на погрешната страна на историјата. СДСМ е партијата која го смени името, а Македонија не доби датум за преговори со ЕУ. СДСМ е партијата која го создаде спорот со Бугарија и идентитетски тргува на штета на националните интереси. Да не беше ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ќе немаше кадри од проекти да ги стави во спотот. Па тие се фалат со автопатот Демир Капија – Смоквица направен во време на ВМРО-ДПМНЕ. Се фалат со реставрираното Скопско Кале, Музејот на Холокаустот, Стариот театар направени во време на владите на ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од опозицијата.

31 година работа на штета на Македонија, додаваат од тамну.

Најнови вести