четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Познати се сите учесници на ЕП 2022 на кое домаќин ќе биде и Македонија

Познати се сите учесници на ЕП 2022 на кое домаќин ќе биде и Македонија

По завршувањето на квалификациите ги дознавме сите патници за следниот континентален собир во сениорска женска конкуренција кој годинава ќе се одржи во три земји Словенија, Црна Гора и Македонија во периодот од 4-20 ноември.

Вкупно 16 репрезентации ќе учествуваат на Европското првенство, покрај домаќините Словенија, Црна Гора и Македонија, ќе настапи и актуелниот европски шампион Норвешка, а преку квалификациите пласман обезбедија Холандија, Полска, Данска, Швајцарија, Франција, Шведска, Германија, Шпанија, Унгарија, Србија, Романија и Хрватска.

Нашата репрезентација предводена од селекторот Љубомир Савевски веќе е сместена во групата „Ц“ која ќе се игра во Скопје, а од третиот шешир ќе ги чека противниците.

Напомена дека од вториот шешир, ривали не можат да ни бидат Црна Гора и Унгарија кои се домаќини во Подгорица, односно Љубљана, па така сигурно ќе играме против Полска или Шведска од тој шешир.

Шешир 1: Норвешка, Франција, Данска, Холандија
Шешир 2: Црна Гора, Унгарија, Полска, Шведска
Шешир 3: Македонија, Словенија, Хрватска, Германија
Шешир 4: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија

Европско првенство (4-20 ноември 2022 година) –

Група „А“ (Љубљана) Унгарија
Група „Б“ (Целје) Словенија
Група „Ц“ (Скопје) Македонија
Група „Д“ (Подгорица) Црна Гора