петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јадењето беше прекрасно, сѐ наликуваше на свадба: Коѕијас и Ципрас си заминаа по ручекот во Отешево

Јадењето беше прекрасно, сѐ наликуваше на свадба: Коѕијас и Ципрас си заминаа по ручекот во Отешево

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас и премиерот Алексис Ципрас заминаа по свечениот ручек кој беше организиран во Отешево. Коѕијас на заминувањето истакнал:

– Среќни сме за договорот и во Отешево имавме конструктивен разговор со Димитров. Денот помина во прекрасна атмосфета. Имавме одличен пречек од домаќините. Јадењето и езерото се прекрасни. Наликуваше на свадба. Следува интензивен период. Во скоро време ќе одам во Скопје за да разговараме за делови од договорот, изјави Коѕијас.

Ципрас истакнал дека е задоволен од постигнатиот договор. На крајот се пошегувал, дека „вратовската на премиерот Заев ќе ја чува засекогаш“.

Најнови вести