четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Интензивни борби се водат во близина на нафтени објекти во североисточна Либија

Интензивни борби се водат во близина на нафтени објекти во североисточна Либија

Самопрогласената Либиска национална армија (ЛНА), која е под команда на калифот Хафтар – највлијателната фигура во источна Либија, денеска објави „голема офанзива“ за протерување на ривалските групи од нафтените објекти во североисточните делови на Либија.

Вооружените групи во четвртокот ги нападнаа нафтените терминали во Рас Лануф и Ал Седра (во центрот на т.н. „Нафтена полумесечина“ на Либија), на околу 650 километри источно од главниот град Триполи, кои се веќе оштетени од слични активности во 2016 и 2017 година.

Претседателот на Либиската национална нафтена компанија Мустафа Санала, пред неколку дена предупреди за закана од „национална катастрофа“ ако продолжи прекинот на извоз кој е резултат на нападите.

– Извршивме голема офанзива со поддршка на воздухопловните сили за да ги протераме милициите на Ибрахим/ Џадран и нивните сојузници, изјави портпаролот на ЛНА генерал Ахмед ал Месмари.

МИА