четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Казнети 48 возачи за брзо возење во Скопје

Казнети 48 возачи за брзо возење во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.04.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 71 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.