Владата го заострува односот и со автобуските превозници, велат превозниците.
Деновиве, како што велат тие, сериозно се разговара во нивните кругови за блокирање на патиштата, форма на штрајк која не се случила повеќе од 17 години од страна на превозниците.
Причината, како што велат, е угнетувачкиот однос и немањето на слух од страна на министерството за транспорт, при што со новонастанатата криза и енормното покачување на горивата, а притоа власта не придонесе со ниту една олеснителна мерка, напротив, им ја отежнува работата со стимулирањето бесплатен превоз преку “Македонски железници” кои работат со сериозни загуби.
Автобуските превозници велат дека овој игнорантски однос каде што целовремено наидуваат на ѕид од страна на Владата, веќе ги иритира да излезат на протест.
Иако веќе биле подготвени да прифатат и замрзнување на цените на превозот, само Владата да им овозможи поволности и ослободување од акциза, сеуште немаат никаков одговор од челните луѓе.
Како што велат, веќе се самоорганизираат за да го искажат својот револт и деновиве ќе имаат детали околу формата на доставување на барањата до Владата.