На пејачот Дарко Лазиќ му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред судија за прекршоци, дознаваат белградските медиуми.
Лазиќ е приведен утрово околу 4 часот на автопатот во Нов Белград.
Според информации на ПИНК.РС, Дарко Лазиќ бил приведен поради пребрзо возење. Тој возел 117 километри на час на местото каде што максимално дозволеното е 80 километри на час.
Направил и тест за дрога, како и алкотест, кој покажал дека е позитивен на кокаин, а му биле измерени 0,91 промили алкохол во организмот.
Со натамошна контрола е утврдено дека на Лазиќ му е одземена возачката дозвола на 18 декември 2013 година.