Француски „РМЦ Спорт“ објави информација дека руските и белоруските тенисери и тенисерки ќе можат да играат на вториот Грен слем турнир во сезоната, но ќе мора да учествуваат под неутрално знаме.
Со тоа францускиот Опен ќе ги отвори вратите за тенисерите и тенисерките од оваа земја за разлика од Вимблдон кои се изјаснија дека нема да го направат тоа и покрај спротиставувањето на АТП, ВТА и Синдикатот на професионални тенисери.
Ролан Гарос почнува на 22 мај и ќе трае до 5 јуни.