недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На Мариупол му се заканува епидемија: „Температурата расте, нема вода, телата се распаѓаат под урнатините“

На Мариупол му се заканува епидемија: „Температурата расте, нема вода, телата се распаѓаат под урнатините“
ФОТО: Tanjug/AP

Локалните власти во украинскиот град Мариупол предупредија дека градот е подложен на епидемии поради ужасните санитарни услови во повеќето делови на градот и фактот што можеби илјадници тела сè уште не се подигнати.

Се проценува дека околу 100.000 луѓе сè уште живеат во градот, и покрај неколкунеделните тешки борби и недостатокот на централизирано снабдување со вода.

Градскиот совет во четвртокот објави дека постои ризик од колера, дизентерија и ешерихија коли – бактериска инфекција која може да предизвика силна болка во стомакот, крвава дијареа и откажување на бубрезите.

Советот рече дека условите за живот во Мариупол се неподносливи и дека ситуацијата ќе се влоши со зголемувањето на температурите.

– Температурата на воздухот веќе достигна 20 степени. Така, во градот наскоро би можеле да избијат силни и смртоносни епидемии, поради немањето централизирано водоснабдување и канализација, распаѓањето на илјадници трупови под урнатините и катастрофалниот недостиг на вода за пиење и храна, наведуваат надлежните.

– Окупаторите не можат на постојното население да му обезбедат храна, вода и лекови. Или не ги интересира. Ги блокираат сите обиди за евакуација. И без тоа луѓето ќе умрат. Впрочем, сега во разурнат град средновековни услови за живеење. Потребна е итна и целосна евакуација – изјави градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко.