четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ново повеќенаменско детско игралиште во Аеродром

Ново повеќенаменско детско игралиште во Аеродром

Со зголемен интензитет течат активностите на Општина Аеродром и на реализирање на сите ветувања од предизборната кампања. По долги години чекање, жителите на населбата Ново Лисиче добиваат повеќенаменско детско игралиште, ново игралиште за кошарка и уредување со нова урбана опрема.

Инвестицијата е во вкупна вредност од 1.800.000 денари и е во соработка со општествено одговорна компанија Фратели Дакордо ДОО. Локацијата на паркот е на булеварот Февруарски Поход во Ново Лисиче.

-Повеќе паркови и места за рекреација беа помеѓу нашите клучни приоритети, а оттаму и заложбата за брзо поставување на ова повеќенаменско детско игралиште. Продолжуваме да ги остваруваме нашите зацртани цели и заедно да создаваме поубав, почист и посреден Аеродром, велат од Општината.