четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонските ракометарки ги добија противниците за Европското првенство

Македонските ракометарки ги добија противниците за Европското првенство

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ја доби групата за Европското првенство кое во ноември ќе се одржи во нашата земја, Црна Гора и Словенија.

Македонија се падна во тешка група, со нас во групата Ц се селекциите на Франција, Холандија и Романија.Во следната фаза продолжуваат трите најдобри од групата.

Европското првенство се игра во Македонија, Црна Гора и Словенија од 4 до 20 ноември.
Натпреварите кои ќе се играат во Скопје ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.