четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Власта да не крадеше толку многу, Македонија немаше денес да се задолжува една милијарда евра

Стојаноски: Власта да не крадеше толку многу, Македонија немаше денес да се задолжува една милијарда евра

„Вчера имавме за прв пат пратенички прашања по десетина месеци, и тоа само што мислевме дека конечно како опозиција ќе добиеме шанса да ги размениме аргументите и прашањата со претставниците од Владата затоа што не често имаме таква можност, бевме обременети со едно 15-тина писмени прашања, па потоа невообичаено голем број на пратеници од владиното мнозинство поставуваше прашања и дури немавме толкава можност за да прашаме за актуелните случувања во државата. Делумно прашањата беа и за економските случувања“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Стојаноски додаде дека тој постави прашање вчера на Ковачевски дали заемот од ММФ е нешто што се доживува како успех или дебакл. И на одговорот на Ковачевски, Стојаноски одговорил дека не е задоволен.

„Јас не бев задоволен од одговорот на Ковачевски бидејќи не добив конкретен одговор на моето прашање, сметам дека му го поставив многу реално. Затоа што јас го проследив и гостувањето на почитуваниот професор Трајко Славески на „Утрински Брифинг“ и имав можност и од самата респектабилна академска фела да видам анализа што значи еден заем од ММФ и за прв пат по 15 години во Република Македонија, од кој што да бидеме искрени тоа се 900-тини милиони евра плус 100 милиони кои што вчера министерот Бесими додека траела седницата ги потпишал со Европската Банка за обнова и развој. И тоа се милијарда евра нови задолжувања само за да се одржи ликвидноста на Буџетот“, нагласи Стојаноски.

Стојаноски посочи дека тој смета дека власта располага лошо со парите на граѓаните. Доколку не се крадеше волку колку што се краде сега од страна на власта ќе се имаше поголема можност да се собере поголема маса на пари и Македонија да не се задолжува со нови една милијарда евра.

„Еве за ангажманите на ММФ можат да препознаат поискусните граѓани какви искуства имаат во 90-тите години и зошто ние во 2007 година расчистивме со соработката со ММФ. За да еве денеска по 15 години повторно ги враќаме на сила истите заеми за кои што да бидеме искрени во целиот тој период од две години они имаат ниска каматна стапка но краток рок за исплата, а ќе треба да имаме и четири мисии кои што ќе треба да го проверат и трошењето на тие пари за кои што ќе дадат сериозни услови“, појасни Стојаноски.

Најнови вести