четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Изработка на Стратешки план за локален развој на општина Илинден

Изработка на Стратешки план за локален развој на општина Илинден

Вчера во Домот на култура „Илинден“ се одржа Втората работилница во рамките на Стратегијата за локален економски развој, со цел изработка на Стратешки план за развој на општина Илинден 2022-2026 година.

На истата учество зедоа претставници од бизнис секторот, членови на Советот на Општина Илинден, претставници на администрацијата и јавните институции, како и градоначалници на соседните општини, на која беа запознаени со методологијата и процесот на изработка на Стратешкиот план.

-Убеден сум дека преку вакви работилници со заедничко залагање и лично вложување ќе дадеме свој придонес во дефинирањето на конкретни цели и проекти коишто ќе бидат од суштинско значење како за граѓаните на општина Илинден така и за развој на локалната бизнис клима и претприемништвото, рече градоначалникот Александар Георгиевски.

Токму со дефинирањето на конкретните цели и проекти и нивно интегрирање во новиот Стратешки план за развој на општина Илинден 2022-2026, ќе ги дефинираме насоките и ќе се воспостави патоказ за развој на нашата локална заедница во наредните 5 години, напиша преку својот статус на Фејсбук, Георгиевски.