Ракометарите на Вардар 1961 запишаа победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер со 23-26 (11-11), во рамките на плеј-офот на Суперлигата и со тоа дојдоа до пол-позиција за титулата. На три кола пред крајот, вардарци зачекорија кон одбрана на тронот.
Со девет погодоци, покрај голманот Ристовски, блесна и Куни Моралес, додека шест постигна Филип Талески.
Кај пелистерци, Немања Обрадовиќ стрелаше пет пати, а Граџан даде четири.