Македонскиот ракометен репрезентативец Томислав Јагуриновски си замина од исландскиот тим Тор Акурејри откако заврши сезоната на Исланд.
Тимот кој го предводи македонскиот стратег Стевче Алушовски беше елиминиран во полуфиналето од плеј-офот за место во елитната конкуренција на Исланд, па сезоната за ракометарите на Тор веќе заврши.
Јагуриновски на Исланд го имаше првото интернационално искуство, но нема да го продолжи својот престој таму и се враќа во Македонија.