вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Полиција санкционираше 25 лица за возење под дејство на алкохол во Илинден

Полиција санкционираше 25 лица за возење под дејство на алкохол во Илинден

Во текот на вчерашниот ден (01.05.2022) во периодот од 17.00 до 22.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на населба Илинден.

При контролата биле откриени и санкционирани 25 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. За време на контролата биле санкционирани и 10 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.