Од Јужна Америка се појави снимка од една неверојатна потера по еден мотоциклист.
Цели седум минути полицаецот го бркаше лицето кое бегаше, лице кое со неверојатна вештина го возеше својот мотор.
Мотоциклистот во бегањето возеше низ улички и дворови, цело време го менуваше правецот и се гледаше дека многу добро го познава подрачјето.
Во еден момент тој дури возеше и по скали, а за малку не се удри со автобус.
Се потсетува како на некоја возбудлива видео игра.