сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Томи Јагуриновски потпиша за РК Пролет

Томи Јагуриновски потпиша за РК Пролет

Македонскиот ракометен репрезентативец Томи Јагуриновски е првото засилување на Пролет за наредната сезона, објавија денеска од клубот.

Тој доаѓа во скопскиот суперлигаш доаѓа од исландскиот клуб Тор, каде што играше повеќе од солидно под водство на тренерот Стевче Алушовски. Репрезентативецот претходно во кариерата настапуваше за Металург и за Вардар, а беше дел од македонската репрезентација што оствари голем успех со пласманот на СП2022.

„Презадоволни сме што го договориме трансферот на Јагуриновски, со што ги потврдуваме амбициите за враќање во борбата за висок пласман за наредната сезона. Не се сомневаме дека тој ќе внесе дополнителен квалитет во нашата игра, но и енергија на теренот, нешто што го краси низ неговата кариера“, изјави директорот на Пролет, Сашо Огњеновски.