петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уапсени четворица тинејџери по пожар во Велика Британија

Уапсени четворица тинејџери по пожар во Велика Британија

Британската полиција уапси четворица тинејџери, по пожар во поранешна училишна зграда во Хаслемер, јави Би-Би-Си.

Пожарот избил вчера, околу 17:44 часот по локално време, а објектот бил празен.

Уапсени се 14-годишно девојче, двајца нејзини врсници, како и момче на 15-годишна возраст. Младите се под сомнение за намерно предизвикување пожар.

Со пожарот се справувале повеќе противпожарни возила.  (МИА)