Луѓето евакуирани од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол се „на пат“ кон областите под контрола на украинската влада, подалеку од најинтензивните борбени зони, рече претставничката на СЗО за регионални вонредни ситуации.
Докторката Дорит Никан од Запорожје преку видео зборуваше со новинарите во Женева.
Таа рече дека екипи на СЗО, ОН и хуманитарни организации се распоредени да пружат помош за околу стотина луѓе евакуирани од челичаната, а болниците се подготвени да примат повредени.
Евакуацијата ја предводат координаторот на ОН за хуманитарна помош и претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, со одобрение на украинските и руските власти.