Лорен Олред го остави светот без зборови откако јавно излезе и кажа дека всушност таа ја пее песната „Never enough“ од филмот „The Greatest showman“.
Иако веќе некое време е познато, сега Лорен се појави на сцената во шоуто „Британија има талент“ и кажа дека токму нејзиниот глас е оној кој се слуша во филмот. Актерката Ребека Фергусон која во филмската сцена ја пее песната, всушност само ја отвора устата.
Шокираниот Сајмон Кауел и рече дека ја пеела една од најголемите песни на сите времиња.
Лорен открива оти подобро и било да пее зад сцената, но сега смета дека е вистинско време песната да го добие вистинското лице. Слушнете ја неверојатната Лорен.