петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Со овој договор Заев врши потсмев врз македонскиот народ

Јакимовски: Со овој договор Заев врши потсмев врз македонскиот народ

Претседателот на ГРОМ и поранешен градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во вечерашното свое гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, истакна дека договорот помеѓу Република Македонија и Грција кој го потпиша актуелната влада на Зоран Заев претставува понижување и деградирање на македонскиот народ и сите граѓани кои живеат во Република Македонија.

Според него овој договор е штетен бидејќи ќе се промени уставното име на државата за да се влези во Европската унија, истакнувајќи дека промена на името не значи и влез во ЕУ и дека тоа може да се случи дури за 15 до 20 години.

Јакимовски вели дека овој договор претставував потсмев за македонските граѓаните, бидејќи со договорот ќе се прави ревизија на македонската историјата.

Тој нагласи дека ниту еден Македонец не може да проголта решение кое што го подржа Зоран Заев, а тоа е промена на името и за внатрешна употреба.

Тој потенцираше дека вакво прашање кое е чувствително и е од огромно значење за македонскиот народ не може да биде решено со два телефонски разговори кои се случија помеѓу Заев и Ципрас. Според него тоа е понижување и деградирање на важност и значењето на уставното име на Република Македонија.

Најнови вести