петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: СДСМ пушта провокатори на протестите, за да прават немири и инциденти

Јакимовски: СДСМ пушта провокатори на протестите, за да прават немири и инциденти

Денеска гледаме што значи заробена држава кажа Стевчо Јакимовски во денешното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, коментирајќи ги вчерашните настани пред Собранието на Република Македонија кога полицијата со солзавец, гумени куршуми, бекатон плочки и молотов коктел ги нападна граѓаните кои излегоа и мирно протестираа против промена на уставното име на Република Македонија.

Тој додаде дека граѓаните кои мирно протестирале биле нападнати од страна на полицијата, но и дека имало лица кои биле провокатори и имале задача да прават немири се со цел ситуацијата да ескалира односно да дојде до непосакувано сценарио кое може да има трајни последици.

Јакимовски нагласи дека полицијата на Оливер Спасовски употребила прекумерна сила врз граѓаните се со цел да ги заплаши да не излегуваат и да не протестираат, додавајќи дека во 2014 година кога тој и актуелното раководство на СДСМ протестирале пред Собранието против тогашното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што го поминале коридорот од полиција, тогаш полицијата не употребила сила и не фрлала со бекатонски плочки и солзавец врз нив.

Најнови вести