сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Генералка викенд 2022“ во Ѓорче Петров: Градоначалникот и жителите се вклучија во најголемата акција за чистење и пошумување

„Генералка викенд 2022“ во Ѓорче Петров: Градоначалникот и жителите се вклучија во најголемата акција за чистење и пошумување

Пластични шишиња, ќеси, хартии и друг отпад денес беа собрани во местото Јурија, Општина Ѓорче Петров во рамки на најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022“.

Денеска, како што најавија од Општината, акцијата покрај во Јурија се спроведува и во Полјана-Хром и Даме Груев.

Градоначалникот Александар Стојкоски активно се вклучи во денешната акција која се одвиваше на кејот на Вардар.

-Самите жители ќе може да учествуваат во активностите. Можат од домовите или од својата непосредна околина да донесат пластика, стакло, хартија. Како количина на отпад на крајот ќе се мери и за секој 10 килограми собран отпад од нашата општина, Општината ќе добие по едно дрвце кое ќе го искористиме во планираните акции за зазеленување во есенскиот период, истакна Стојкоски.

Посочи дека во акцијата е вклучена и општинската администрација, но и основните училишта. Учениците кои дома имаат отпад кој може да се рециклира да го донесат, а надлежните служби ќе го селектираат и предадат понатаму.

Акцијата на територија на Општина Ѓорче Петров продолжува утре во Кучково со почеток во 10 часот.