вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нема општина каде градоначалник е од ВМРО-ДПМНЕ, а да не се работи и гради

Нема општина каде градоначалник е од ВМРО-ДПМНЕ, а да не се работи и гради

Откако градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го презедоа менаџирањето со општините, нема населено место во кое не се работи на некој нов проект, а во голем дел има и завршени.

Во Битола е започната подготовка на документација за изградба на нов спортски комплекс како и проект за реконструкција на 23 улици. Во тек е реконструкција на Мостот кај Безистен и уште многу други проекти.

Во Охрид завршен е проектот за замена на водоводна и канализациона мрежа во ОУ Братство-Единство во населба Лескајца. Завршен е тендерот за реконструкција на училиштето Св. Кирил и Методиј, за Гимназијата Св. Климент Охридски изработени се проекти за внатрешно уредување и надворешно уредување. Продолжува проектирањето и реализацијата на канализациони и водоводни мрежи.

Во скопски Аеродром се започна со градба на две нови градинки. Општината започна со проект за нула корупција и за нула отпад во Аеродром. Се запира урбаното дивеење и се бришат маркици за градба на згради во густо населените области.

Во Ѓорче Петров во тек се градежни зафати за реконструкција на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и се започна со работи и градба нов мега парк во оваа општина, притоа се исчисти најголемата дива депонија во Ѓорче.

Во Гази Баба започна втора фаза од фекалната канализација во населено место Гоце Делчев, инвестиција вредна 10 милиони денари. За 100 дена се изврши реконструкција на кошаркарското игралиште во училиштето „Григор Прличев“ во Железара, и уште многу други проекти, канализациони и водоводни мрежи.

Во Бутел отпочна со изградба општинското основно училиште во населено место Визбегово. Инвестирани се 13 милиони денари за опрема во образованието. 10 милиони денари инвестиции во зградите на основните училишта.

Во Штип почната е постапка за изградба на детска градинка во населба Пребег, а започна и реконструкцијата и проширувањето на крстосницата во населба Сењак. Се реконструираат 16 улици.

Во Велес се финализираше горниот дел од новиот Градски пазар, а се работи на инвестиции за 10 нови водоводи и канализации.

Во Кочани започна со градба канализациона мрежа во Тркање и нов потесен цевковод во Грдовци, како и реконструкција на две основни училишта во градот.

Во Свети Николе во тек е изградба на нова противпожарна станица, започната е изградбата на детска градинка во Ерџелија, а во Виница во тек е изградба на затворен градски пазар и реконструкција на домот на култура „Тошо Арсов“.

Во Илинден се гради фекална канализација во локалитет „Јака“, и е во тек градба на ново основно училиште. Во Петровец направен е нов урбанистички план во Ржаничино за изградба на нова детска градинка, реконструиран е детски забавен парк во населено место Долно Коњари и уште многу други проекти.

Во Прилеп се прави реконструкција на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, комплетна реконструкција на влезот во градот од Крушево кон Прилеп и доизградба на детска градинка во населба Точила.

А во Радовиш има изградба на пристапен пат до градски водовод 2000 метри. Склучен е договор со Европската делегација за реализација на проектот „Зелена топлина“ во износ од 1милион евра. Склучен е Договор за изградба на локален пат Дамјан – Погулево во износ од 17 милиони денари.

Во Кавадарци се работи на нова детска градинка, пуштен во употреба е нов зелен пазар и на нов парк Киро Крстев, како и на две нови спортски сали.

Нема општина каде што секојдневно не се работи, и не се решаваат проблемите на граѓаните.

Народот ја гледа разликата помеѓу градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и нивните претходници од СДСМ.

Најнови вести