понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски се сретна со шефицата на Бундестагот

Зеленски се сретна со шефицата на Бундестагот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа се сретна со претседателката на германскиот Бундестаг Бербел Бас, која го посети Киев, соопшти прес-службата на украинскиот лидер.

Шефот на државата ја истакна важноста на нејзината посета на Украина во ова тешко време и на посебен ден – Денот на сеќавањето и помирувањето.

Зеленски и се заблагодари на Германија за поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Претседателот на Украина нагласи дека земјата очекува силно и самоуверено лидерство од Германија да и помогне на земјата „во борбата против рускиот агресор“.

На средбата се разговарало и за натамошната одбранбена помош на Украина од страна на Германија, како и за зајакнување на санкциите против Русија.

Зеленски го поздрави фактот што Бундестагот усвои резолуција со која се повикува германската влада да ја прошири и забрза испораката на тешко оружје за Украина.

Посебно внимание беше посветено на аспирациите на Украина за членство во ЕУ. Володимир Зеленски изрази уверување дека официјален Берлин поддржува на Украина да и додели статус на кандидат за членство, пренесува Бгнес.