Ја известуваме јавноста дека по реакција од чуварските служби на Град Скопје дека во Градскиот парк вчеравечер немало улично осветлување, по што надлежните градски екипи веднаш излегоа на терен во увид и во рок од 15-тина минути го санираа проблемот, велат од Град Скопје.
-При увидот утврдено е дека непознати сторители насилно ги отвориле кутиите (орманчиња) за електрична енергија кај ЗОО Скопје и во близина на споменикот на Гоце Делчев, а осигурувачите биле исклучени. По истото е веднаш постапено и беше вклучена електричната енергија за осветлувањето на Градскиот парк.
Градот Скопје остро ги осудува ваквите дејствија, апелираме до граѓаните да не се врши насилно отворање на ормарите за електрична енергија, затоа што со тоа се доведува до опасност мрежата за електрична енергија и се загрозува безбедноста на посетителите на Градскиот парк.
Службите во Градот Скопје по повод овој вандализам го известија Министерството за внатрешни работи, се надеваме на соодветно постапување од страна на надлежните институции, стои во соопштението од Град Скопје.