По ненадејната смрт на Видоје Ристовиќ, неговата сопруга водителката Николина Пишек допатувала од Згреб во Белград. Таа во изјава за српски Курир изјавила дека се уште не ја знае причината за смрта на нејзиниот сопруг.
„Не можам да зборувам, тешко ми е. Сè уште нема обдукција, знам колку и вие за причината за смртта. Не знам детали. Тешко ми е, пристигнав во Белград“, низ солзи раскажала Пишек.
Николина и Видоје се венчаа во 2013 година во Монте Карло. Ја побарал со прстен од 15.000 евра, а за гламурозна свадба издвоиа 400.000 евра. Во декември 2014 година ја добија ќерката Уна Софија и живееја на релација Белград – Загреб.
Видое Ристовиќ почина за време на масажа на телото во салонот, откако се пожалил на терапевтот дека не се чувствува добро. Се онесветсил и починал неколку минути подоцна. Вишото јавно обвинителство во Белград нареди обдукција и токсиколошко вештачење на телото за да се откријат причините за смртта.