сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Белата е нејзиниот избор за важен ден: Џенифер Лопез го прослави Денот на мајката со ќерката Ема

Белата е нејзиниот избор за важен ден: Џенифер Лопез го прослави Денот на мајката со ќерката Ема

Уште од 1914 година, кога претседателот Вудро Вилсон потпиша резолуција со која Денот на мајката се прогласува за официјален празник во САД, многу мајки го поминуваат овој ден со своите најблиски. Така Џенифер Лопез беше во друштво на својата ќерка Ема за празникот.

Латино ѕвездата избра бела, многу ефикасна комбинација на облека за празничното дружење. Долго бело широко здолниште, бела кошула навлечена во неа која дава ефект на фустан и црн ремен беа модните избори на Џенифер Лопез. Над сето тоа искомбинирала светол, плетен кардиган.

Косата собрана во реп и масивните наочари во златна нијанса дополнително ја истакнаа модната комбинација на пејачката која блеска особено откако е вљубена во актерот Бен Афлек.

Четиринаесет годишната Ема, позната по своите лежерни комбинации на облека, и овој пат остана доследна на својот стил.

За разлика од нејзината мајка, таа се одлучи за потемни, земјени тонови и комбинација од панталони и елек во слични нијанси.

Најнови вести