Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го поздрави предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за поширок европски клуб на земји надвор од ЕУ, кој би можел да ги вклучи Украина или Велика Британија.
-Сакам експлицитно да кажам дека ова е многу интересен предлог, изјави Шолц, додавајќи дека е „многу задоволен од предлогот за кој разговараме заедно“.
Макрон на денешната средба со Шолц во Берлин изјави дека за Велика Британија би можело да „има место“ во поширок европски клуб на демократски земји што се протега надвор од ЕУ.
-Велика Британија одлучи да ја напушти нашата Европска Унија, но може да има место во оваа политичка заедница, изјави Макрон. (МИА)