Халил Снопче од Алијанса за Албанците во емисијата 24 отворено рече дека како опозициона партијата дејствуваат да дојдат на власт.
-Се поставува важно прашање, кој е вистинскиот блокатор на Собранието, на работите кои се поврзани со правата и слободите на граѓаните. Тие права се гарантирани со уставото и во било која држаа, тие се неприкосновени. Зошто Џафери, за кој сметам дека е вистинскиот блокатор на работата на Парламентот, не дозволува расправа во Собранието за точки и за претставки на граѓаните кои сметаат дека нивните права се загрозени и кои се дискриминирани од институциите на системот? – рече Снопче.