вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за дополнителни 0,25 %

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за дополнителни 0,25 %

Високата инфлација ќе ги поскапе и кредитите. Народната банка повторно ја зголеми каматната стапка за 0,25п.п., па сега таа од 1,5 изнесува 1,75%.

За неполн месец ова е втора корекција нагоре.

Според експерите, сега и банките ќе ги зголемат каматите на кредитите. Универзитетскиот професор Марјан Петрески за Канал 5 вели дека ваквиот потег на Централната банка е очекуван – и според него времето на ниски каматни стапки е завршено.

„Веќе банките ќе почнат. Штом тенденцијата на монетарната политика е во насока на затегнување, тие ќе почнат да го инкорпорираат тоа и во своите деловни политики. Ќе се одрази на каматните стапки на кредити и депозити за граѓаните. Нема да е нагло, нема да е во голема мера, но тренденцијата е таа и граѓаните и фирмите мора да бидат свесни дека времето на ниски каматни стапки е завршено и се движиме во спротивна насока.“ изјави Марјан Петрески, Универзитетски професор.

Од Народната банка објаснуваат дека одлуката е поради високата инфлација која во април порасна за 10,5%, а очекувањата се цените и понатаму да растат. Петрески вели сега потребни се дополнителни интервенции и од фискалната политика како би се ублажил ценовниот шок за граѓаните, но не и зголемување на даноците…

„Да нема дополнителни фактори кои ќе значат долевање масло на огнот на цените. Тука е примарна улогата на фискалната политика, со трошење олабавено, потребно според она што слушаме се спрема ребаланс па очекувам таа консолидираност ќе ја видиме во ребалансот.“ истакна Марјан Петрески, Универзитетски професор.

При поскапување на кредитите први на удар се оние со променливи каматни стапки. Претходно и од Банкарската асоцијација и Организацијата на потрошувачи ги упатија граѓаните да си ги проверат кредитите дали им се со фиксна или варијабилна стапка.