петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Недозволиво е Заев преку својата капитулантска политика да го менува идентитетот и јазикот на Македонците

ВМРО-ДПМНЕ: Недозволиво е Заев преку својата капитулантска политика да го менува идентитетот и јазикот на Македонците

Жална е сликата како пратениците на СДСМ се обидуваат да го бранат капитулантското дело на Зоран Заев. Иако е воочлива штетноста на таквиот договор, стои во денешната рекација на ВМРО-ДПМНЕ во врска со прес конференцијата на Томислав Тунтев од СДСМ.

-Овој договор е производ на изборна измама на Зоран Заев и криминалниот картел кој го води. Заев пред избори ветуваше дека нема да прифати промена на Уставот, сега гледаме дека не само што прифатил промена на Устав, туку и многу повеќе од тоа. Заев ја разградува  државата. Пратениците на СДСМ се ставени да аминуваат криминал и противуставен договор. Насилното туркање на овој договор во Собранието преку кршење на законите и процедурите е недозволиво и уште еден чин во низата незаконитости кои СДСМ и Заев ги преземаа во изминатиот период, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека потценувачки за Република Македонија е со меѓународен договор да се менува Уставот на државата и задира во идентитетот.

-Недозволиво е Заев преку својата капитулантска политика да го менува идентитетот и јазикот на  Македонците. Овој договор за Република Македонија создава само обврски. Република Македонија  е оштетена страна. ВМРО-ДПМНЕ останува со народот. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на борбата против картелот на власт и оваа капитулантска и неспособна влада, стои во реакцијата на партијата.

Најнови вести