петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Со секој нов град што се претвора како Мариупол ни се губи желбата за преговори

Зеленски: Со секој нов град што се претвора како Мариупол ни се губи желбата за преговори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски предупреди дека Киев снемува трепение за преговори со Русија, со оглед на зголемените докази за руските воени злосторства во Украина.

„Подготвени сме за преговори, додека не биде доцна. Со секој нов напад, со секој нов Мариупол, со секој нов град каде што ќе бидат убиени десетици илјади луѓе и каде што ќе има случаи на силување и злосторство, исчезнува желбата и шансата за преговори, како и веројатноста за решавање на конфликтот преку дипломатија“, кажа Зеленски во виртуелно обраќање до француските студенти.

Претседателот на Украина ја изрази решеноста на Киев да победи во војната и да ги врати назад сите територии кои и припаѓаат на Украина.

Тој повтори дека Украина сака и мора да се приклучи на Европската унија и ги повика лидерите на ЕУ да го забрзаат процесот.

„Украина само ќе ги зајакне другите членки на ЕУ, нашата армија ги покажа своите способности. Нашиот народ се докажа“, нагласи Зеленски.