сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ким Џонг-ун во дводневна посета на Кина

Ким Џонг-ун во дводневна посета на Кина

Севернокорејскиот лиде Ким Џонг-ун денеска ја почна дводневната посета на Кина. Ким беше пречекан со воени почести од претседателот на Кина, Си Џинпинг.

– Преку конкретни напори на релевантните земји преговорите за Корејскиот Полуостров се враќа на прав пат и целокупната ситуација се движи кон мир и стабилност. Кина секогаш ќе има конструктивна улога во тој процес, изјави Си на средбата со Ким.

Според експертите Ким со кинеските кидери ќе разговара за следните чекори по минатонеделниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп.

САД долго време се потпираа на Кина да го искористи своето влијание врз Северна Кореја и да го доведе Пјонгјанг на преговарачка маса. Но, посетата на Ким е во тензично време помеѓу Пекинг и Вашингтон поради „трговската војна“.