вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев: Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност!

Колев: Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност!

И денес продолжуваме активно на терен. Отпочнаа градежните активности во месноста Касарна на новоизградената улица 3-3. Заедно со Зоран Љутков, претседателот на Советот на Општина Велес, извршивме увид на оваа улица каде во тек е изведба на фекална канализација, а по завршувањето на оваа фаза истата и ќе се асфалтира, посочи денес градоначалникот на Велес, Марко Колев.

„Во наредниот период следува реконструкција на повеќе улици во градот и околните села согласно предвидената програма, со што продолжуваме да работиме посветено и домаќински за подобрување на животот на сите велешани.

Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност“ – посочи тој!