Пратеничката од редовите ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, вечерва во емисијата „Патот кон“ го коментираше случајот со имотот на АлсатМ телевизија.
Таа го осуди секој чин со кој што се прави репресија врз одреден медиум и потсети дека во услови кога довербата на граѓаните во судството е само 8%, најпотребно во судските лавиринти е среќата.
„Го осудувам секој чин со којшто на каков било начин се прави репресија врз одреден медиум. Тоа значи дека слободата на говорот не е таква каква што власта сака да ја претстави. Знам дека на крај разврската на случајот ќе биде во судовите. Знаете каква е моментално довербата во македонското судство, само 8 проценти и ви посакувам среќа оти тоа ви е потребно за лавиринтите коишто следуваат“, рече Панова.