сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 11 загинати при превртување на чамец близу Порторико

Најмалку 11 загинати при превртување на чамец близу Порторико

Најмалку 11 лица загинаа при превртување на чамец со мигранти, северно од ненаселениот остров Десечео, близу западниот брег на Порторико.

– Досега, спасени се 31 лице, соопштија локалните власти.

Не се знае колку луѓе биле во чамецот, а меѓу спасените се 20 машки и 11 женски лица.

Хеликоптер на американската царина и гранична полиција забележал превртен чамец и набргу почнала акцијата за спасување.

Најмалку осум Хаиќани се во болница, не се знае националноста на останатите лица во чамецот.

Во регионот, мигранти од Хаити и од Доминиканската Република бегаат од насилството и сиромаштијата во своите држави.

Американската крајбрежна стража и доминиканската морнарица во саботата спасија 68 мигранти во преминот Мона, подрачје меѓу Порторико и Доминиканската Република.

– Овие патувања се навистна опасни. Бродовите се небезбедни, преоптоварени и немаат опрема за спасување, истакна Кастродад.