понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хрватска го воведе еврото како официјална валута

Хрватска го воведе еврото како официјална валута

Хрватскиот парламент денеска со мнозинство гласови го усвои Законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска. За законот гласаа 117 пратеници, 13 беа против, а еден воздржан, пишува хрватски Индекс.

Еврото треба да стане официјална валута во Хрватска на 1 јануари следната година, а пред целосно да ја замени куната, од 5 септември цените би се изразувале во двете валути.

Плаќањето во двете валути би требало да трае и следната година.

Пред гласањето, во Парламентот дел од опозицијата повторно се спротивстави на воведувањето на еврото.