Грузија е партнер на НАТО со силен потенцијал и нејзини претставници ќе бидат поканети на Самитот на Алијансата во Мадрид, најави заменик генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Мирчеа Џоана.
– Ние долги години работиме со неа (Грузија) и колку што знам, грузиски претставници ќе бидат поканети на Самитот на НАТО во Мадрид. Политиката на отворени врати останува важна за НАТО. Можам да кажам дека Грузија е многу важен партнер. Црното Море станува многу важно, изјави Џоана за Првиот канал на грузиската телевизија.
Грузија соработува со НАТО од крајот на 90-тите години од минатиот век. (МИА)